Чориќ сензационален победник во Синсинати, ќе напредува 123 места на АТП листата

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ победи на Мастерсот во Синсинати, откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 7:6 (7:0), 6:2.

Како 152-ри на АТП-листата, тој стана најслабо рангираниот тенисер кој освоил трофеј на турнирите од серијата „Мастерс“, а воедно е четвртиот хрватски тенисер кој освоил титула на турнирот во оваа категорија по Горан Иванишевиќ, Иван Љубичиќ и Марин Чилиќ.

Чориќ имаше лош почеток на мечот, губеше со 3:0 и 4:1 во првиот сет, но израмни на 4:4, а потоа беше сигурен во тај-брејкот и стигна до 1:0.

Направи два брејка во вториот сет и стигна до најголемиот триумф во кариерата, благодарение на кој од денеска ќе биде 29. тенисер во светот.