Човечкиот Кен стана Барби: Судено ми е да бидам жена

445 прегледи

Родриго Алвес, кој се прослави како човечкиот Кен, изминативе неколку месеци започнал трансформација од маж во жена. Направил повеќе од 70 пластични операции и изгледа непрепознатливо. Неодамна си вгради екстензии, а ги зголемил и градите.

– Ја сакам мојата долга рамна коса. МИслам дека никогап нема да имам кратка во својот живот. Долгата коса ме прави посилен, самоуверен и очигледно преубав – рекол Родриго.

Иако дури сега е блиску да биде вистинска жена, Родриго уште во 2018 година го имал првото фотографирање облечен како зајачица.

– Тоа искуство ми помогна да сфатам дека ми е судено да бидам жена – се присетил.

Од бројните операции на кои бил, најмногу го оперирал носот.

– Имав 72 операции бидејќи имав доста компликации и многу работи морав да поправам. Предходно тоа ми беше желба, сега е потреба. Се здебелив 20 килограми во последните месеци, поради стрес – заклучил Родриго.

Слични содржини