„Човечко ѓубре и изрод, ја тепаше мајка ми додека не и откажа бубрегот“: Познат кошаркар му одговори на татко му и сподели ВИДЕО од свадбата

од Vladimir Zorba
677 прегледи

Кошаркарот на Портланд Трејл Блејзерс, Јусуф Нуркиќ не го покани својот татко Хариз на свадбата со својата избраничка Емина Дуриќ во Хрватска. Нуркиќ ја договорил венчавката на тврдината Ловриенац во Дубровник, а на венчавката присуствувале голем број гости.

Меѓу другите беа и Дино Раџа, Енис Бешлагиќ, Тарик Филиповиќ, Петар Грашо, Амар Гегиќ, Енферни Симонс, но не и Хариз Нуркиќ.

Ова му пречело на таткото на познатиот босанско-херцеговски кошаркар, кој решил да се огласи, наведувајќи дека со години не разговарал со својот син.

„Тоа е до каде е дојдено. Воспитувате дете, го кревате на нозе, го испраќате на свет, а потоа почнуваат да влијаат други фактори, па веројатно јас не бев добредојден гостин на таа свадба. Можеби поради сето тоа како ме претставуваа како монструм кој, на пример, претепал 14, 15, 20 луѓе, па веројатно и син ми се срамел од сето тоа. Треба да му се заблагодарам на Кристофер Колумбо што ја откри Америка и на Енес Трновчевиќ што го откри мојот Јусуф. Дополнително, морам да се заблагодарам и на мојата сопруга, бидејќи таа на некој начин придонесе ние двајца да немаме контакт“, изјави за Аваз Хариз Нуркиќ.

На неговите обвинувања не му требаше многу време на Јусуф Нуркиќ, кој инаку е многу активен на социјалните мрежи.

„Мајка, брат, дедо. За насилниот биолошки татко, злоставувачот на мајка ми, чиј бубрег откажа од тепање. Човечки изрод кој цел живот ме малтретираше мене и мајка ми беше отстранет од нашите животи од многу сериозни и вистински причини. За човечки ѓубриња кога ќе дојде време. Моето семејство се оние кои се тука на видеото“, напиша Јусуф Нуркиќ на својот Фејсбук профил.

Слични содржини