„Човечноста е мртва“- вака една жена од Јемен ги опишува своите чувства, стоејќи пред урнатините на едно училиште. „Бомбардирано е место каде децата учат, без претходно предупредување.“

0,,18724484_303,00

Новиот извештај на Амнести интернешнал и‘ дава за право на жената. Мали се причините за надеж дека светот ќе биде подобар и помирен. Војните, насилството и прогонувањата се секојдневие на многу континенти и принудувуваат илјадици луѓе на бегство, пишува Дојче Веле.

„2015 година веројатно е една од најлошите години на која можам да се сетам“, изјави генералниот секретар на лондонската централа на Амнести, Салил Шети во интервју за Дојче веле. „Загрозен е системот, кој меѓународната заедница го градеше цели 70 години за да ги заштити човековите права.“

Свест во светски рамки

Речиси нема регион во светот кој не е споменат во актуелниот извештај: станува збор за прогонување на активистите за човекови права и „исчезнувањето“ луѓе во Латинска Америка, Азија и Африка, за егзекутирање во САД и во Азија, уништувачки војни и граѓански судири во Африка и Блискиот Исток, кои на бегство тераат милиони луѓе, но и за прогонување на активистите за човекови права во тоталитарните држави низ целиот свет.

Според Салил Шети, ситуацијата е парадоксална. „Од една страна, државите станаа порепресивни. Борбата против теророт служи како аргумент за масовно надгледување, потиснување и ограничување на човековите права. Од друга страна, тоа е причина што се‘ повеќе луѓе се борат за своите права.“

Слични содржини