Тој не е така познат како гроф фон Штауфенберг. Иако бил само на влакно од успехот на својот замисла, кој требаше да го промени светот. Георг Елзер го врши првиот напад врз Хитлер и пред 70 година е убиен од нацистите.

Овие 13 минути се покажаа решавачки за неуспехот на планот. Георг Елзер планирал нешто совршено до последен детал, но Хитлер го напушта местото 13 минути пред да експлодира бомбата. Таа е наменета за него и други водечки личности од национал- социјалистичката партија на Германија, дојдени да го сослушаат говорот на Хитлер во Минхенската пивнива “Бјургербројкелер” на осми ноември 1939 година. При тоа Елзер не дозволил никаква грешка – пресметано е сето точно: бомбата поставена во една од колоните во подрумот, експлодираше точно навреме – како што е програмирана од Елзер. Моќта на експлозијата, исто е пресметана точно – експлозивниот бран ја уништува колоната зад ораторско конзола, од која неколку минути пред тоа зборувал Хитлер, и руши дел од таванот. Под урнатините наоѓаат смрт седум високи членови на национал-социјалистичкиот режим и една келнерка.
За да се подготви нападот, Елзер работи некое време во каменолом, од каде ги зема експлозивите. Потоа почнува да ја посетува секоја вечер пивницата каде се крие додека не си замине и последниот посетител и не ја затворат . По што се зафаќа за работа: копање дупка во една од колоните на пивницата, каде што подоцна ќе ја скрие експлозивната направа. Тоа му трае цел месец. Потоа ја изработува самата бомба. Елзер врши сé сам, никој друг не е посветен во неговите планови. Тој се потпира на своите добри технички вештини. По професија бил столар, дипломирал со почести.
Георг Елзер е роден во 1903 година во Хермаринген, Баден-Виртемберг, во сиромашно семејство. Татко му е алкохоличар, а мајка му е подложен на огромни страдања. Во детските години тој се соочува со многу неправди. Неговото чувство дека светот е одржуван лошо, се засилува во годините на светската економска криза. Елзер дури се вклучува во комунистичката организација “Ротер Фронткемпфербунд”, но од него не излегува ниту верен партиски следбеник ниту идеолошки поклоник и бомбаш. Тој ја цени високо независноста и слободната мисла. Што сепак го поттикнува атентатот врз Хитлер, откако дури локалното претседателство на национал партија го оценува како безопасен и мирен граѓанин?
Човек со широк светоглед

Во 1937 и 1938 година, како работник во фабрика за арматура, Елзер станува сведок на тоа како Германија се подготвува за голема војна. Тој не може да ги толерира помпезните нацистички маршови и пропагандата . А по Минхенскиот договор од 1938 година тој веќе е убеден дека ќе има војна. И кај него се раѓа идејата да ја спречи претстојната катастрофа.
Елзер знае дека не може да се постигне само со ширењето на летоци. Потребно е нешто далеку дрско и радикално. Тој знае дека не е доволно да се отстрани само Хитлер – треба да биде ликвидирана целото раководство на нацистичкиот режим. И Елзер ја открива идеално место за тоа – пиварницата “Бјургербројкелер” во Минхен, каде истомисленици на Хитлер се собираат по неуспешниот обид на нацистите да ја заземат власта во 1923 година.
Елзер знае дека сè треба да се случи многу брзо. Затоа не му останува време да бара соучесници. Тој, сепак, не е затворен во себеси ексцентрик – сака музика и општеството, на танцови вечеринки често свири на цитрат и контрабас, патува со пријателите низ Шварцвалд, има успех кај жените. Во 1930 година неговата пријателка го дарува со син. Пред атентатот започнува често да оди во црква, каде што наоѓа утеха во молитвите. Тоа дејствува повеќе од самоодбрана отколку од храброст – за да се спречи крвопролевањето и тоталната катастрофа. Затоа и нападот изгледа оправдан.
Крајот на Елзер
Георг Елзер не ја дочекува експлозијата. Тој сака да избега нелегално во Швајцарија. Но уште при преминувањето на границата, во 20.10 часот, повеќе од еден час пред атентатот, тој е уапсен. Кај него се откриени компромитирачки докази – делови од експлозивната направа и податоци за местото на атентатот. Она што но прв поглед изгледа дилетантско, всушност беше добро размислен потег од Елзер – на овој начин тој сакал да го докаже авторството и на тој начин да избегне депортација во Германија.
Откако е префрлена од затвор во затвор, Елзер паѓа во концентрациониот логор Заксенхаузен, а подоцна се пресели во Дахау. Зачувана е заповедта на командант на логорот, во која се опишува како би требало да биде ликвидиран: сè да биде наместено така, како тој да загинал во воздушен напад врз кампот. Всушност Георг Елзер добива куршум во тилот во април 1945 година – еден месец пред крајот на војната.
Долго потценуваниот херој
Германија подоцна се сеќава на својот херој. Во 1960-тите години еден историчар ги открива оригиналните протоколи од неговите сослушувања. Иако е подложен на брутална тортура, на нив тој дава контрадикторни сведочења , непримерни одговори, без да ги открива целосно своите убедувања. Сé до 1950-тите години, постојат многу луѓе кои продолжуваат да веруваат дека нападот е дело на британските тајни служби. Елзер сепак го организира сето сам.
Во 1998 година во неговото родно место е отворена спомен плоча, а од 2011 година во Берлин има и негова комеморативна скулптура. На негово име има воспоставена награда за граѓанска доблест, многу улици и училишта го носат неговото име. Се чини дека во колективната меморија на Сојузната република веќе има место и за Георг Елзер, велат во оваа пригода историчарите Петер Штајнбах и Јоханес Тухел.
