Човекот кој вчера се качи на дрво високо 15 метри во скопската населба Дебар Маало бегајќи од полицијата, имал психички нарушувања, соопштија денес од МВР.
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благој Давков“ во Скопје има машко лице, најверојатно со психички проблеми, кое тропало по вратите на становите и ги вознемирувало станарите.
„Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот, а кога ги видело полициските службеници, лицето се качило на дрво на висина од 15 метри. По одредено време, лицето доброволно се симнало“, се вели во полицискиот билтен.
Утврдено е дека станува збор за Д.Б. и по укажаната помош на лице место од екипа на Итна помош, лицето е пренесено во здравствена установа.