Чудни причини за ниско либидо

од Vladimir Zorba
521 прегледи

Тоа дека не ви е до секс не значи нужно дека сте престанале да го љубите партнерот или дека страста и привлекувањето се згаснати. Може едноставно либидото да е намалено од нешто неочекувано.aecd7ef186f78d1cef2fb4b85161c91c

Ќе се изненадите, но постојат многу околности околу нас кои ja рушат желбата за секс. Кои се неочекуваните од нив?

Мирисот на партнерот
Понекогаш сме привлечени од човек кој има неверојатни квалитети, одличен е во кревет, но мириса лошо или има лош здив. Ова не само што е во можност да го намали либидото, но и да нè откаже од понатамошни односи.

А, според некои истражувачи, феромонитe се виновни за оддалечувањето на сексуалната желба. Ако во почетокот на врската сте биле силно привлечени од партнерот, а по години работите не стојат така, може да се виновни токму феромоните.841dc5e0f7c9b0aefde031ab820e3e2e

Старееме и нивното емитување од телото се намалува. Поради истата причина се намалува и способноста да ги доловиме со органот за мирис. А, феромоните не се каков и да е мирис – тие се уловени од сетилото за мирис, но на потсвесно ниво.

Добрата вест е дека постојат парфеми со феромони, кои би можеле да ви ја вратат привлечноста еден кон друг.

Антибеби пилули
Еден од несаканите ефекти на апчињата антибебе е намалено либидо. Тој не се јавува кај сите жени и во сите околности, но сепак ако пиете слични лекови добро е да се знае дека постои веројатност тие да се виновни.

Недостатокот на самодоверба 
Многу луѓе страдаат од некој вид комплекс во однос на својот изглед и телото. Нормално е да не го сакаме некој дел од себе, но тоа може да се претвори во сериозна интимна пречка.

Некои луѓе толку си го мразат телото кога ќе се погледнат во огледало што престануваат да можат да се соблекуваат голи пред партнерот. И бидејќи сексот е не само физичко искуство, но и емотивно, потсвесно желбата за секс испарува.3371ed57c25322e80f8fc969465b25e1

Ситуацијата и предметите во домот

Живееме во  технолошки свет, во кој за брзо производство на предмети за домаќинството се користат штетни и евтини хемикалии. Така вашите теписи,тапети, кујнски садови, препарати за чистење можат да емитуваат отрови, кои се мешаат во хормоналниот баланс.

А, хормоналниот баланс е кревок механизам кој лесно може да биде нарушен. Заедно со него страда и желбата за секс.

Омиленото кафе
Чудно, но љубителите на кафето може да страдаат од ниско либидо токму заради омилениот црн пијалок.

Тоа е така бидејќи кофеинот провоцира зголемена секреција на хормони на надбубрежните жлезди. Овие хормони го зголемуваат нивото на стрес во организмот, а оттаму сексуалната желба и репродуктивните функции се намалуваат.