Откако беше прогласено за мртво и ја помина ноќта на температура од минус 12 степени целзиусови во мртовечницата во Кина, бебе за чудо преживеа.

Вработени во погребна агенција се подготвувале да го кремираат телото на доенчето, кога тоа започнало да плаче. Тие веднаш се јавиле на таткото и на Брза помош и бебето било примено во интензивна нега.
Кинез воскресна во ковчегот и се расплака
Бебето се родило предвреме во почетокот на јануари. Тоа останало во инкубатор 23 дена, но таткото го зел од болница за да биде дома при доаѓањето на Годината на мајмунот. Неговата состојба, сепак се влошила само за два дена.
Во болница било донесено повторно на 4 февруари, но таму ја констатирале неговата смрт. Пред да го предаде во мртовечницата, таткото го облекол во дебели алишта и го поставил во топла торба. Веројатно тоа го спасило, иако лекарите се многу резервирани за неговите шанси да преживее.