Четири деца од домородна заедница во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, изјави во петокот колумбискиот претседател Густаво Петро.
Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион.
„Радост за целата земја! Четири деца кои исчезнаа… изгубени… во колумбиската џунгла се појавија живи“, објави Петро преку Твитер.