Чулев: 502 граѓани не ја поитувале мерката за забрането движење после 21 часот

од Vladimir Zorba

502 граѓани не ја почитувале мерката за забрането движење после 21 часот од воведување на мерката,соопшти денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Од прекршителите 459 лица се на возраст од 18 до 66 години.

Oпоменати се 136 лица, а на останатите земени им се податоци и против нив ќе бидат преземени дополнителни мерки, додаде Чулев.

Тој истакна дека досега по овој основ се поднесени и 123 кривични пријави.

Од 26 февруари, кога се воведени мерките, издадени се вкупно 1,620 решенија за задолжителна изолација, од кои 90 во последните 24 часа. Изминатото деноноќие не е регистрирано ниту едно прекршување на оваа мерка.

Потпишани се 9.025 изјави за самоизолација, од кои 99 во изминатите 24 часа.

Слични содржини