119
На денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека досега во МВР пристигнале околу 16.000 барања за добивање пасош по редовна постапка, кои нема да може да бидат спроведени додека не дојдат новите обрасци, кои се очекува да пристигнат во март.
-Проблемот со патните исправи останува и понатаму. Дотогаш системот за закажување термини за пасош нема да биде во функција, а ќе има мораториум на итната постапка за вадење патни исправи. Инаку, сега дневно има по 700 барања за вадење пасош. Во моментов пасоши ќе добиваат оние кои имаат закажано по итна постапка, како и на лица кои им е потребно за лекување во странство.