Чулев: Спасовски вината треба да ја бара во себе и луѓето поставени од него

од Берта Китинска
403 прегледи

Оливер Спасовски причината за своите катастрофални грешки, пропусти и нестручност ги бара во мене. Самиот тој е свесен, но не сака да признае дека вината за големиот број скандали е самиот тој и луѓето поставени од него, реагира екс-мнистерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на изјавата на актуелниот министер.

Додава дека ниту една државна институција не го информирала за наведениот скандал со дипломатот.

– Доколку сака вината во некого да ја побара тоа нека го направи во кадрите поставени од Владата и лично од него, истакнува Чулев.

Спасовски претходно изјави дека меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25 февруари 2020 година, а во тој момент, Спасовски е претседател на Владата, а министер за внатрешни работи е Чулев.

– Што во тој момент е направено дали е известено МНР, не ли е известено, јас немам детални информации за тоа, истакна претходно Спасовски.

– И нормално сега, кога се случи овој настан, ние сме информирани преку нашиот сектор за меѓународна соработка за тоа што се случило и информациите сме ги пренеле до МНР, така што таму постои еден сплет на настани за коишто сигурно и МНР ќе даде докрај сите информации коишто се потребни,додаде министерот

Слични содржини