Чупеска: СДСМ мора силно да се спротивстави на оваа окупацијата на безбедносниот сектор

од Milan1
25 прегледи

Денеска гледаме обиди за нешто многу опасно, партизирање на безбедносните служби од страна на власта и враќање на режимските практики, со силен удар врз професионалците и загрозување на демократските вредности. СДСМ мора силно да се спротивстави на оваа окупацијата на безбедносниот сектор, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, на средба со членовите од општина Центар.

-Безбедносниот сектор со сите негови структури мора мора да биде столб на независноста и заштитата на граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со своите постапки и најави јасно покажува дека наместо да ја зајакне безбедноста на државата, се обидува да воспостави контрола врз овие клучни институции. Наместо реформи, сведоци сме на притисоци, замени на стручни лица со партиски лојалисти и отворени тенденции за политичка манипулација со безбедносните структури. Ова не е патот кон силна и безбедна држава. Ова е пат кон режим каде што безбедносните служби служат за заштита на интересите на еден политички врв, а не на граѓаните. Токму ваков пристап видовме во минатото, и токму ваков пристап ја доведе државата во сериозна криза. СДСМ мора силно да се спротивстави на оваа окупацијата на безбедносниот сектор, рече Чупеска.

Граѓаните заслужуваат служби кои ќе работат за нивна заштита, а не за партиските амбиции на ВМРО-ДПМНЕ, додаде потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска вечерва во Центар.

Слични содржини