Потребно е да бидат испитани злосторствата извршени од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК), за да не се дозволи нивно повторување во нови конфликти, изјави претставникот на Русија во ОН Виталиј Чуркин, коментирајќи ја иницијативата во Советот за безбедност на ОН за формирање на Специјален суд за истрага на злосторствата извршени од припадниците на ОВК, пренесе ТАСС.

“Беше спроведена истрага, а прелиминарните резултати покажуваат дека постојат сериозни докази за многу тешки злосторства извршени од ОВК. Многу се обидуваат да заборават што е направено од страна на Ослободителната војска на Косово. Дури американскиот Стејт департмент ја вбројуваа пред 1998 година како терористичка организација така што ова е трагична, поучна приказна која уште не е завршена “, изјави Чуркин