Ципрас директно по телефон на Груевски- сложено име со географска одредница за сите употреби

од desk3
108 прегледи

Во вчерашниот телефински разговор на Груевски со Премиерот на Грција, Ципрас јасно му укажал дека грчката влада стои зад решението erga-omnes.

GRC

Грчките медиуми го пренесуваат соопштението од прес-службата на претседателот на Владата,каде се вели дека ” г-дин Ципрас истакна на владата стои за позициите за прашањето за името (сложено име со географска одредница за сите употреби) и важноста на решавањето на регионалната стабилност и европската перспектива на Скопје, кои грчката влада ги поддржува. Исто така, тие разговараа за изгледите за градење на доверба и зајакнување на соработката меѓу двете земји”
Вчера пак од кабинетот на Груевски соопштија:

„Премиерот Никола Груевски денеска оствари краток телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Во протоколарниот разговор премиерот Груевски на својот колега му посакал успех во работата и во справувањето со предизвиците со кои се соочува неговата земја. Груевски истакнал дека двете земји треба да вложат напори за унапредување на добрососедските односи, решавање на отворените прашања, градење на конструктивна атмосфера во двете земји и за соработка во сите сфери од взаемен интерес“