Од РЦУК – Прилеп известуваат дека од 15:20 часот пожарникарите од Прилеп и екипа од Полициска станица ПС Прилеп на патен правец Прилеп – Плетвар кај каменоломот имаат интервенција на сигурносниот вентил кој испуштал гориво од возило – цистерна што превезувала течен гас – метан.
Возилото е отстрането од сообраќај, а на местото се упатени екипи од ПС Прилеп и ТППЕ Прилеп заради отстранување на дефектот и обезбедување на просторот и возилото.
Сообраќајот се одвива под контрола на патрола од ПС Прилеп.
За настанот е известен инспекторот за заштита и спасување од ДЗС Прилеп.
И од АМСМ известуваат дека од 16:50 часот на магистралниот пат Прилеп-Градско, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.
Наизменичното пропуштање на возилата е заради безбедносни причини, каде што има истекување на гориво-метан кое е превезувано со цистерна.