ЦИВИЛ: Осуда за говорот на омразата на Апасиев

од Nikola Popovski
246 прегледи

ЦИВИЛ ја осудува неодамнешната објава од лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, во која тој се послужи со крајно навредливи зборови и манипулации кон Цивил и кон претседателот на организацијата.

-Ова е само уште еден од бескрајната низа испади на овој ултрадесничар кој предводи политичка партија застапена и во македонскиот парламент. „Сите ќе ве стреламе“ и „Децата крв ќе ви плукаат“ се само дел од скандалозниот, екстремен и заканувачки „асортиман“ на овој политичар. Тој стана познат и како таков ќе биде запаметен: вулгарен, валкан и насилен, објавија од ЦИВИЛ.

Слични содржини