Цивилизацијата не дозволува “реторика на омраза”- полски и италијански европратеници казнети и суспендирани

од desk3
80 прегледи

Десничарскиот полски европратеник, како и негов италијански колега од отцепената крајнодесничарска италијанска партија “Северна лига”, биле казнети со 3060 евра и отстранети од работата на парламентот за 10 дена поради расизам, објавија од Европскиот парламент, цитирани од ДПА.

430x286

Десничарските партии постигнаа сериозни успеси за време на последните евроизбори, зголемувајќи ги пратеничките места во Европскиот парламент, каде што се зголеми загриженоста во врска со користењето на екстремистичка реторика.

Италијанскиот европратеник Џанлука Буонано е санкциониран, бидејќи носел маица на која била слика, комбинирана со германскиот фирер Адолф Хитлер и германскиот канцелар Ангела Меркел, за време на пленарна седница пред две недели. Подоцна пак, за време на дебата во ЕП, на кој присуствувала и германскиот канцелар Ангела Меркел, Буонано си ставил мустак, сличен на оној на Хитлер, и го упатил и карактеристичниот нацистички поздрав.

Иако се казнети, на двајцата пратеници им е дозволено да гласаат.

Од своја страна полскиот европратеник Јануш Корвин-Микел исто бил казнет заради давање нацистички поздрав во јули. Корвин-Микел исто така ги нарекол мигрантите “човечко ѓубре”.

“Асошиејтед прес” потсетува дека доаѓањето на стотици илјади мигранти во Европа оваа година предизвика протести и гневни реакции меѓу екстремно десничарските политичари во цела Европа.