ЦКП: Општина Струмица прави значаен чекор кон одржлива иднина преку проектот „Патоказ за еко-паметна општина”

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Центарот за климатски промени, со поддршка од Амбасадата на САД, го започна проектот „Патоказ за еко-паметна општина” чија цел е промовирање на одржливо живеење и создавање функционален систем за управување со отпад во Општина Струмица.

„Горди сме што ја имаме Општина Струмица како наш партнер во оваа иницијатива и импресионирани сме од посветеноста и ентузијазмот што Општината и Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец” – Струмица го покажаа во овој проект кои денеска заедно освен 100 канти предвидени од проектот доделивме дополнителни 1100 канти бесплатно, тоа се вкупно 1200 опфатени домаќинства! Овој пилот проектот за селекција на пластичен отпад во домаќинствата е значајна пресвртница во грижата за животната средина. Веруваме дека оваа иницијатива ќе ги инспирира и другите општини да го следат примерот и да работат кон поодржлива иднина.” рече Бојана Станојевска- Пецуровска, претседателка на Центарот за климатски промени.

Проектот има за цел да ги промени навиките на граѓаните за депонирање на отпадот и да ја подигне свеста за важноста на селекцијата на отпадот, а истовремено да ги намали трошоците за постапување со отпадот и да ги зголеми приходите од продажба на отпадна пластика.

Проектот „Патоказ за еко-паметна општина” е пример за успешна соработка помеѓу јавните власти и граѓанските организации за справување со еколошките предизвици. Тоа е доказ за посветеноста на Центарот за климатски промени да промовира одржлив развој и да ги ублажи влијанијата од климатските промени.

Слични содржини