CNN: Руски хакери навлегле во компјутери на американската влада

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Руски хакери успеале да навлезат во систем за некласифицирани информации на Белата куќа, од која сепак тие добиле во реално време “чувствителни информации” за факти  за претседателот со детали на кои не им се дава публицитет, соопшти CNN.

ruski hakeri

Пријавено е  исто така дека руските хакери имале пристап до системот на Стејт департментот со  месеци.

На прашање на CNN дали навистина хакери кои работат за руската влада се обиделе да навлезат во системот на Белата куќа помошникот на претседателот Барак Обама за национална безбедност Бен Родс не ја потврди информацијата директно, но рече дека Русија активно работи во сферата на кибершпионажата .

“Нема да влегувам во детали за тоа како работиме во сферата на сајбер безбедноста. Но може да се каже дека Русија дефинитивно развива активна дејност сајберпросторот и во сферата на шпионажата. Преземаме мерки за безбедност. “- Коментира Родс.

Според него, освен Русија има и други земји, во однос на кои е потребна внимателност. Родс  го посочи Иран како таква земја.