Coca-Cola ја прекина работата во Русија

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Coca-Cola во вторникот објави дека го суспендира бизнисот во Русија по нападот на земјата врз Украина, приклучувајќи се на McDonald’s, Starbucks и голем број други американски корпорации.

– Нашите срца се со луѓето кои ги трпат неразбирливите последици од овие трагични настани во Украина. Ќе продолжиме да ја набљудуваме и проценуваме ситуацијата како што се менуваат околностите – објави Coca-Cola .

Да потсетиме, американскиот ланец ресторани за брза храна McDonald’s денеска објави дека привремено ги затвора сите 850 ресторани во Русија како одговор на руската воена операција во Украина.

Синџирот Starbucks, исто така, потврди дека ќе ги прекине сите деловни активности во оваа земја.

Слични содржини