205
Ирската рок-група Cranberries објави дека ќе издаде нов албум, и покрај ненадејната смрт на нивната вокалистка, Долорес О’Риордан, пренесе „Rolling Stone“.
Бидејќи О’Риордан ги сними вокалните делови на албумот, Cranberries се надева дека ќе го завршат и ќе го објават во почетокот на 2019 година.
Групата, исто така, најави дека годинава по повод 25-годишнината од нивниот деби албум „Everyone Else is Doing it, So Why Can’t We?“ подготвуваат ново издание. И иако ненадејната смрт на О’Риордан го прекина проектот, сега од групата се решени да го завршат.
Долорес О’Риордан почина на 15 јануари 2018 година, во Лондон, на возраст од 46 години.