По првичниот бојкот кој се одржа минатиот петок, на 31 јануари, преку социјалните мрежи повторно се шири повик за бојкот на маркетите утре, поради високите цени на храната. Граѓаните на социјалните мрежи го шират повикот под мотото „Црн петок за маркетите“.
Според податоците на УЈП, прометот во најголемите синџири супермаркети, за време на првиот бојкот опаднал за речиси 47% во однос на претходниот петок, но и претходниот четврток, но граѓаните во саботата по бојкотот купиле 11,2% повеќе отколку претходната сабота.
Бојкотот на маркетите има во цел регион односно во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Романија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија и Унгарија. Наиде на голема поддршка во сите овие земји.
Граѓаните на овој начин го изразуваат револтот поради зголемување на цените на храната и животните трошоци.