Црна година за италијанската автомобилска индустрија

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Европскиот автомобилски гигант Stellantis, кој ги обединува марките Peugeot, Citroen, Opel, Fiat, Chrysler и Jeep, се најде во сериозна криза поради падот на продажбата.

Со цел да го зголеми производството, компанијата најави дека годинава ќе инвестира две милијарди евра во италијанските фабрики, додека шест милијарди ќе бидат наменети за синџирите на снабдување.

Сите италијански фабрики на автомобилскиот концерн, кој беше формиран во 2021 година со спојување на француската групација PSA и италијанско-американската компанија Fiat Chrysler, ја завршија годината во минус.

До вчера, гордоста на италијанската автомобилска индустрија, фабриката Mirafiori на Fiat во Торино, лани произведе речиси 70 отсто помалку автомобили, или нешто помалку од 26.000 во споредба со речиси 86.000 возила во 2023 година.

Според податоците собрани од италијанските синдикати, последен пат италијанската автомобилска индустрија, сега групирана под гигантот Stellantis, произведе толку малку возила во 1956 година.

Слични содржини