Во Црна Гора официјално се идентификувани 67 жртви на трговија со луѓе помеѓу 2021 и 2024 година, од кои 79 проценти биле деца.
Најчестите форми на експлоатација биле принудно просење, принуден брак и сексуална експлоатација, при што жртвите најчесто биле од ромските и египетските заедници, според новиот извештај на Групата експерти за борба против трговијата со луѓе на Советот на Европа (ГРЕТА).
Бројот на официјално идентификувани жртви, проценуваат експертите на ГРЕТА, расте од година во година – имало пет во 2021 година, 16 во 2022 година, 18 во 2023 година и 28 во 2024 година.