Недостигот на црнците ѕвезди меѓу номинациите за “Оскар” втора година по ред е на пат да се претвори во сериозен скандал, откако режисерот Спајк Ли и актерката Жад Пинкет Смит повикаа на бојкот на претстојната церемонија, пренесува “Ројтерс”.

zx450y250_2688779
Протестниот хаштаг од 2015 година #Oscarssowhite (“Оскарите се толку бели”) доживеа ренесанса на “Твитер” по објавувањето на номинациите, каде црнците актери и режисери беа целосно игнорирани, и покрај големиот број ветувачки кандидатури оваа година.
За ова беше обвинет составот на Академијата, чии членови, покажа истрагата на “Лос Анџелес тајмс” пред 4 години, се главно возрасни белци.

Режисерот Рајан Куглер и ѕвездата на филмот Мајкл Б. Џордан, речиси целосно „црн тим“ зад Straight Outta Compton, Идрис Елба и сопругот на Пинкет Вил Смит отпаднаа, иако беа ставени како можни канидати во различни категории. Единствената номинација за првиот филм сепак отиде кај Силвестер Сталоне, а за вториот – за сценарио во „бел тим“.

Слични содржини