Црногорскиот опозициски фронт вечерва во 19 часот повторно повика на протести на плоштадот во Подгорица на кои ќе побара оставка на Владата и распишување на избори.
Демократскиот фронт го услови премиерот Мило Ѓукановиќ до митингот да поднесе оставка, што тој одби наведувајќи дека тоа би било чин на недоговорноста кон граѓаните кои на изборите и дале поддршка на власта. Ѓукановиќ повика на дијалог во институциите, со оценка дека на ДФ со уличните протести сака да го „суспендира патот на Црна Гора во НАТО“.
Ѓукановиќ рече дека ДПС е подготвена за подготовка на избори веднаш откако Црна Гора добие покана за членство во НАТО.
Упрвата на полицијата ги повика медиумите новинарите и снимателите кои ќе известуваат од протетсот да носат посебно обележани елеци со ознака ПРЕС за да можат слободно да известуваат од протестите.
Министерот за внатрешни работи Ратко Коњевиќ изјави дека постоеле оперативни сознанија дека поедини екстремистички групи од регионот имаат план да ја нападнат полицијата.