Летниот тренд за анимација во модата нѐ плени уште со првите предлози кои ги видовме.
Развојот на различните интерпретации бараше време за да се случи, но ете, се случи.
Посебен интерес предизвика колекцијата на Лаура Конрад “Minnie Mouse” и моментално нѐ пренесе во волшебниот свет на цртан лик.
За да не се почувствуваат запоставени и мажите, од Vans и Disney ја создаваат линијата “Young at Heart. Производите во неа се наменети како за мажите, така и за жени и деца.
Пораката е уникатна – тоа се предлози, адресирани до возрасни, кои успеале да го задржат детското во своето срце.
Тематски, сите производи се решени со исклучително забавен и весел карактер – нешто што сигурно нема да остане незабележано.
Патики, ранци, маици, топови, додатоци и кратки чорапчиња нѐ враќаат во раните години со ликовите на Мики Маус, Мини Маус, Мечето Пух и Пајо Паторот.
Палетата на бои е исто толку разновидна колку и принтовите – гледаме светли нијанси на жолта, сива, црвена, бела, зелена и портокалова.
Можете да ја видите комплетната колекција во нашата галерија . А вие се допадна ли нешто?







