Црвен аларм за снег и силни ветрови во три региони на Хрватска, вклучувајќи го и Загреб, се издадени денес, објави хрватски Индекс.
Силните ветрови соборија дрвја во Загреб, предизвикувајќи штета на градската инфраструктура и личен имот како што се автомобили и покриви. Сообраќајот во главниот град е ограничен. Струјата е прекината во неколку градови.
Автопатот А1 од Загреб до Австрија е затворен за сообраќај, а многу јавни градски и меѓуградски транспортни линии, како и линии за катамарани, се во прекин.
Сообраќајот со автомобили е исто така ограничен од главниот град до крајбрежјето, а сообраќајот со камиони во моментов е суспендиран.
Во градот Бјеловар, централна Хрватска, дрво падна на железничката пруга, предизвикувајќи воз да излезе од шините.
Шеталиштето во Сплит е поплавено поради силни јужни ветрови.
Дебел снег се насобрал во планинските области како што се Горски Котар и Лица.