Црвен снег во Бугарија

од desk3
95 прегледи

Во Бугарскиот град Русе црвен снег ги збунив локалните луѓе . Феноменот сепак не се должи на природна аномалија, туку на големи јата птици и на нивната храна во зима.

2110969438

“Дури си помисловме, да не е од дрвјата, но не е од дрва … Потоа мислевме дека од петарди, но не сме слушнале ништо. Јас за прв пат гледам во Русе такво нешто, таков боја” дели Ивајло Минев.

Постоеја сомневања дека може да станува збор за прскање со хемикалии. Објаснувањето се покажува многу поедноставно.

Просечен стан во Менхетен вреди речиси 2 милиони долари

“Нема ништо опасно, во случајот станува збор за крајниот производ од исхраната на едни видови птици, кои во моментов се собрале на големи јата во нашиот град …”, објаснува орнитологот Венцеслав Петков.

2110969441

Во зима птиците се групираат на јата од стотина и бараат храна од дрвјата. Во случајот се хранат од од грмушката копривка.

2110969440

“Нејзиниот плод е црвен, мал е , и може да се јаде дури и од луѓето. По неговата преработка, се гледа оваа црвена боја”, објаснува орнитологот.

Сепак експертите советуваат да не се чепка црвениот снег, бидејќи птичјиот измет содржи штетни бактерии.