Техничките тимови на трите институции – ММФ, ЕУ и ЕЦБ, покажале “црвени” и “жолти” картони на многу од мерките за реформи предложени од Грчката влада, од кои таа се надева на приходи во износ од 3,7 милијарди евра, за да ја добие следната спасувачка помош за земјата, соопшти грчкиот сајт њуз.ин.

b9b4e507380229247579ecc67c526dc9

Тимовите разговарале во грчкото Министерство за финансии за некои од презентираните од кабинетот Ципрас 22 даночни мерки, а утре се очекува разговорите да завршат. Претставниците на институциите изразиле приговори за очекуваниот ефект од овие мерки, бидејќи приходите, на пример, би требало да дојдат од подобрата координација на даночниот механизам, а исто така и во однос на времето и начинот на кој тие ќе се реализираат во пракса / бидејќи претстои поврзувањето на касите на фирмите со финансиската институција /.

Според нив сеуште нема јасност и за она што на крајот ќе се случи со еден данок на имот, кој СИРИЗА се закани деќа ќе го укине,а кој донел на буџетот во 2014 година приходи во износ од околу 2,6 милијарди. Евра.

Доверителите сакаат владата да ги разјасни буџетските параметри за оваа година и за тоа дали овој данок на имот ќе биде зачуван во таков вид или ќе биде заменет со друг.

Се забележува дека вработените од грчкото Министерство за финансии, кои ги водат разговорите со техничките тимови на институциите во Атина, ја добиле листата со реформи вчера од министерот за финансии.

Во оваа листа се предвидени приходи од оданочување на депозити на Грци во странство, од борбата против измама со ДДВ, од регулациите поврзани со долговите на Грците кон државата, од затегнување на механизмот за наплата на даноците, од борбата против шверцот ,трговијата на горива и тутун, од новите дозволи за дигиталните игри и од новите лиценци за телевизиските канали.

Времето сепак ја притиска владата бидејќи техничките екипи на институциите утре се очекува да отпатуваат од Атина за католичкиот Велигден. Тие ќе се вратат назад во грчката престолнина следната недела.
Можно е уште оваа недела да биде свикана седница на Европската работна група за Грција. Ова го објави официјалниот портпарол на Европската комисија Маргаритис Схинас, цитиран од грчкиот сајт њуз.ин.

Во одговор на прашање тој рече дека економските експерти на министрите за финансии од еврозоната ќе бидат повикани да дадат оценка на листата со реформи, претставен од Атина, и дека по него течат преговори со претставниците на институциите во Брисел.

Претставникот на Комисијата посочи дека работната група на еврозоната ќе разговара за грчката студија на случај на следното заседание за да се најде најдобар начин и да се постигне напредок. Тој додаде дека е можно да се одржи телеконференција на Европската работа група пред католичкиот Велигден и дека една друга нејзина седница е веќе закажана за 8 април.

Маргаритис Схинас ги окарактеризира како “конструктивни” започнатите минатиот петок разговори во Брисел, но нагласи дека сепак тие не стигнале до некаков договор и дека поради оваа причина разговорите ќе продолжат и во Атина за прибирање на дополнителни информации.

Целта е да се осигура дека оваа листа со реформи е сигурна и сеопфатна, рече уште претставникот на Комисијата, прецизирајќи дека надлежниот орган за издавање на пари е Еврогрупата.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас конечно прифати дека без попустливост и без помош на евробирократите, против кои самиот тој се соочи пред тоа, неговата влада ќе мора да прогласи банкрот во април. Токму затоа Ципрас и министерот за финансии се забрзаа, за да претстават новиот листа со реформи, коментира “Зидојче цајтунг”.

Но, тоа е единственото нешто што може да биде администрирано во новата листа со идеи, а тоа е затоа што таа содржи најмногу надежи. Надежта е дека една нова успешна игра со доверителите може да донесе околу половина милијарда евра, иако експертите очекуваат помалку, пишува германскиот весник.

Слични содржини