Бислимовски најавува можно намалување на цената на струјата за домаќинствата

од Nikola Popovski

Намалениот увоз на струја поради производството на фотоволтаичните централи наскоро може да ги намали и цените за домаќинствата. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во интервју за РСЕ вели дека прават анализа која треба да покаже дали постои можност да се прошири евтината тарифа на струјата за еден час, односно до 16 часот, но и генерално да има намалување на цената на струјата.

Според него, тоа ќе му овозможи на ЕСМ, во тие периоди, да прави и заштеди на вода и таа вода да се користи за производство на електрична енергија во периоди кога цената на електричната енергија електричната енергија е далеку повисока.

За 300% е зголемено производството на струја од фотоволтаични панели, а увозот на струја е намален за 30%.

Новата цена на струјата, РКЕ ќе ја донесе на крајот на јуни и тогаш ќе се знае дали и колку ќе има намалување на цената на електричната енергија.

Дополнително охрабрувачки за регулаторите е тоа што се очекува увозот да биде низок и во текот на целата 2024 година.

Слични содржини