430
Поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски викендов за прв пат станал дедо, откако неговиот син Љупчо добил син.
Како што пишуваат медиумите, внукот наводно ќе го носи името на дедото – Бранко.
Освен синот Љупчо, Бранко и неговата сопруга Јасна ја имаат и ќерката Марија.
Синот е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски, кој, во времето на Владата на СДСМ во 2002-2004, ја водеше Комерцијална банка додека Хари Костов беше министер за внатрешни работи.
Љупчо, како и неговиот татко Бранко, не користи социјални мрежи и ретко се појавува во јавноста.