Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 190 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 65,60%, а 20,00% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,13%, кон Итната медицинска помош 19,62%, кон пожарникарите 10,67 %, а кон АМСМ 0,27% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 843 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,47 %) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (43%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
ЦУК информира дека имаше 26 пожари на отворено во последното деноноќие и од нив активни утрово се водат 5.
Воздухопловната поддршка на хеликоптерот од МВР, на којашто му се приклучи армискиот хеликоптер, а потоа и двата авиона на ДЗС (по завчерашната одлука на Влада за итно премостување на немањето пилоти и веднаш нејзино спроведување), вчера беше драгоцена на храбрите пожарникари за да се изгаснат опасните краци од активни пожари на отворено коишто имаат поголеми размери.
Генерално според итните ситуации, ангажираните противпожарни сили, вработени од јавни претпријатија, а и од здруженија и мештани, имаа делумна контрола врз големите пожари на отворено, бидејќи при појава на опасен крак, дел, од пожар што е опасност за населби силите се групираа во поголем дел за дејство на него. Човечки животи не беа загрозени.
Активните пет пожари (5) се во општините: Неготино во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума); Ново Село над с.Бадилен, месност „Шамок“ (борова шума); Гевгелија, помеѓу с.Негорци и Кованец (мешовита шума); Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, месност „Хаџи Реџепли“ (каде што гори ниска вегетација и грмушки).
Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и како засилување на силите кои гаснат од земја, еден армиски хеликоптер започна со дејство врз пожарот на планината Серта додека полицискиот хеликоптер се подготвува да полета, а два авиона на ДЗС е планирано да полетаат кон Серта во 10,00 часот.
Изгаснатите 21 пожар се во општините: Центар, Чучер Сандево, Студеничани, Шуто Оризари, Бутел, Петровец, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари, Сарај, Битола, Прилеп, Долнени, Долнени, Струга, Струга, Градско Кочани, Штип, Тетово и во Општина Богданци
Во јули 2024 до сега, заклучно со 12.07.2024 година, имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.