До 12:00 часот денеска на територија на целата држава регистирани се вкупно осум пожари на отворен простор, при што во моментов има три активни. Активни се пожарите во Гевгелија, на Кожуф кај село Петрово, во тетовското село Џепчиште и кај крушевското село Свето Митрани.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска објавија дека е под контрола пожарот во село Трубарево, општина Гази Баба (електричен отпад), во скопското село Виниче, кај месноста викана Муратица (нискостеблеста шума) и во село Батинци, општина Студеничани (ниска вегетација и мешана шума).
Изгаснати се пожарите во општина Кочани – село Бали (депонија) и во општина Делчево – депонија Острец (запален отпад).