ЦУК: Растат водостоите на реките, можни се излевања на Крива Река

од Milan1
171 прегледи

Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте можни се излевања на оваа река по нејзиниот слив.

Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река.

ЦУК потсетува за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Според дневната хидролошка информација и очекуваната тенденција за водостојот на реките и езерата на УХМР, нивото на водостоите е во покачување.

Слични содржини