ЦУК: Се замолуваат оние кои немаат зимски гуми, да не ги управуваат возилата

од Radmila Tasevska
460 прегледи

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека се замолуваат сите учесници во сообраќајот кои не користат зимски гуми (иако тоа им е законска обврска од 15.11.2023 година) да го ослободат патот по кој се движат како не би преставувале пречка за останатите учесници во сообраќајот.

Со самата постапка, на екипите на Македонијапат ќе им овозможат полесна и посигурна интервенција на патиштата со цел за нормално одвивање на сообраќајот.

Ова посебно се однесува за планинските премини и за правците за кој имаме издадено известување за забрани за сообраќај за тешки товарни возила, истакнаа од ЦУК.

Слични содржини