ЦУК: Вкупно 2.147 повици на бројот за итни случаи 112

од Radmila Tasevska
174 прегледи

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 2.147 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 44,76 отсто, а 55,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Како што информира денеска од ЦУК, кон полиција биле упатени 54,65 отсто, кон итната медицинска помош 28,73 отсто, а кон пожарникарите 15,77 отсто од реалните повици кон 112.

– Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 0,85 отсто со другите 53,02 отсто што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.189 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи, се наведува во соопштението.

Слични содржини