Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 39 пожари на отворен простор. Од нив, сѐ уште активни се пет пожари, под контрола е еден, а останатите се изгаснати, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според соопштеното, мешана шума гори на планината Мукос, кај селото Степанци и место викано „Кациица“, на граница меѓу општините Долнени и Чашка. Ниска вегетација и нискостеблеста шума се опожарени во општина Студеничани, над селото Црвена Вода, кај место викано „Крста“. Ниска вегетација гори меѓу селата Горно Количани и Љубош во општина Студеничани. Нискостеблеста шума и сува трева горат меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали на територијата на општина Штип. Последниот активен пожар е во општина Лозово, кај селата Дурфулија и Каратманово, каде гори борова шума.
„Под контрола“ е категоризиран пожарот на планината Галичица, на територија на општините Охрид и Ресен