Цукерберг го престигна Маск на листата на милијардери на Блумберг – неговото богатство порасна за милијарди преку ноќ

од Симе Стоиков

Основачот на Мета, Марк Цукерберг, го престигна сопственикот на Тесла, Илон Маск, на актуелната листа на милијардери на Блумберг и го зазеде третото место.

Богатството на Цукерберг преку ноќ се зголеми за 2,6 милијарди долари, односно на 178 милијарди долари, откако Мета вчера го претстави својот нов модел со вештачка интелигенција Llama 3, како и ажурирана верзија на четботот за вештачка интелигенција Мета.

Во исто време, вредноста на имотот на Илон Маск падна за речиси четири милијарди долари на 170 милијарди долари, со што сопственикот на Tesla падна на четвртата позиција, пишува Bloomberg.

Слични содржини