Curiosity испрати селфи од Марс

од Vladimir Zorba
277 прегледи

На почетокот на март, роверот Curiosity на НАСА започна да се приближува до импресивната карпа што научниците ја нарекоа „Mont Mercou“, според една планина во Франција.

Роверот направи селфи на кое се гледа како стои пред „Mont Mercou“, покрај новата дупка за дупчење од која ќе вади примероци, пишува НАСА.

Областа што моментално ја проучува роверот е на раскрсницата помеѓу „глинената единица“ и „сулфатната единица“ лоцирана пред планината „Sharp“, висока 5 километри.

Иако изгледа како некој друг да го фотографирал Curiosity, тоа е всушност многу сложен потфат. Ова селфи од Марс се состои од 60 фотографии направени на 26 март од уредот Mars Hand Lens Imager (MAHLI) што е дел од роботската рака на роверот.

Снимките потоа беа комбинирани со 11 фотографии направени на 16 март од „Mastcam“, кој се наоѓа на врвот на роверот, односно на неговата „глава“.

Rover Curiosity беше лансиран кон крајот на 2011 година и слета на Марс во август 2012 година.

Слични содржини