Цветан Трипуновски: Има многу криминал во моето министерство, Обвинителството да се фати за работа

од Milan1
67 прегледи

Она што сме го имале како индиции во минатото, сега од внатре од позиција на Министерството, од Влада, ги проверуваме и се потврдува како сериозен криминал. Овие два субјекти за кои што ја информирав јавноста морам да потенцирам дека се поткрепени со сите докази, и се процесуирани до Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Финансиска полиција“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при денешното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

„Ја користам оваа прилика уште еднаш да го повикам Јавното обвинителство да не остане немо на оваа пријава, во рамки на своите надлежности да постапи веднаш затоа што јас нема да отстапам од овој криминал кој што бил направен и е поткрепен со докази. Јас од позицијата на министер имам обврска да го штитам и Буџетот и нормално да проверам кој како работел во минатото бидејќи тоа се државни пари“, изјави министерот.

Тој посочи дека во моментот се водат 5 предмети во Министерството. Во вторникот се презентираа 2 предмети, а другите 3 за многу скоро време ќе бидат презентирани во јавноста.

„Моите настапи не се за да кажеме дека претходната власт направила злоупотреби, јас моите пријави до надлежните институции ги поткрепив со документи и докази кои што де факто го разобличуваат нивното криминално однесување“, појасни Трипуновски.

Слични содржини