Стравот, вознемиреноста, несигурноста и низата психолошки појави, се клучот за луѓето се во поголем број да ги полнат психијатриските амбуланти.се работи за различни манифестации на анксиозност или влошување на состојби со кои претходно се соочувале генерално.
Ова во своето интервју за МИА го посочи директорот на Универзитетската клиника за психијатрија, Стојан Бајрактаротв.
Телефонските линии за психолошка поддршка кои ги отвори Универзитетската клиника за психијатрија беа многу зафатени во почетокот на пандемијата, како и во текот на есенскиот бран. Во последниот период е намален бројот на јавувања, но значително се зголеми бројот на лицата кои бараат помош во нашите амбуланти. Вкупно досега имаше околу 5000 јавувања на овие линии, вели Бајрактаров во одговор на прашањето колкумина побарале психолошка помош на овој начин.
Во однос на тоа на која возраст се граѓаните кои бараат помош и во каква состојба се генерално, Бајрактаров вели:
„Универзитетската клиника за психијатрија нуди психолошка поддршка за родители на деца и млади, мајки и жени во бременост, како и возрасни лица во самоизолација или оние загрижени за себе и некој близок. Граѓаните имаат потреба од поддршка поради зголемена вознемиреност, страв, загриженост, напнатост, несигурност и нарушен сон поврзани со заболен семеен член или пак непредвидливоста на актуелната ситуација. Главно се работи за различни манифестации на анксиозност или влошување на состојби со кои претходно се соочувале. Родителите, пак, најчесто се загрижени за зголемена вознемиреност кај нивните деца, проблеми во нивното однесување и имаат потреба од совет за како подобро би можеле да пристапат кон нивните деца. Пристапот на стручните лица е индивидуален за секој поединец и семејство, но обично се темели на споделување информирање за нивните реакции и поттикнување на нивната сила за справување со доживеаниот стрес“.