Д-р Беќаровски: Јас и понатаму ќе си јадам сардини и туна, за да влезете во ризична зона треба да конзумирате 6 до 7 конзерви неделно

од Milan1
75 прегледи

„Навистина огромен број ФБ пријатели исплашени од информацијата за концентрациите на жива во конзервите со туна ми пишаа пораки, дали и понатаму да ги јадат и дали смеат да ги даваат на своите деца“, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија. Тој реагираше откако јавноста беше вознемирана бидејќи постојаниот известувач за безбедност на храната во Европскиот парламент, Биљана Борзан, предупреди на алармантно ниво на жива и тешки метали во рибата што се продава на хрватскиот пазар.

„Се извинувам што не можам поединечно да Ви одговорам и дозволете на овој начин, јавно да одговорам и пред се да Ве смирам.

1. Живата во туната не е резултат на лошо припремена конзерва и не зависи од производителот, туку е резултат на загаденост на морињата и океаните, а туните ја внесуваат преку процес наречен БИОМАГНИФИКАЦИЈА, т.е. преку јадење на помалите риби, кои содржат жива поради контамираните алги и планктони.

2. Според FDA (америчката агенција за храна и лекови) за да влезете во РИЗИЧНАТА ЗОНА ТРЕБА ДА КОНЗУМИРАТЕ 6-7 КОНЗЕРВИ од 140 грама неделно од ЛЕСНАТА ТУНА (Skipjack) или 2-3 конзерви од БЕЛАТА ТУНА (Albacоre).

3. Дури и двојно повеќе изедени тунини конзерви во краток временски рок, 1-2 недели по кој би следувала пауза, ќе доведе до БРЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА на организмот, без трајни последици по Вашето здравје.

4. Сардините содржат драстично помала концентрација на жива, бидејќи имаат многу пократок животен век и се на понизок степен во прехранбениот ланец.

5. Јас и понатаму 1-2 неделно ќе конзумирам туна или сардини, БИДЕЈЌИ ИМААТ МНОГУБРОЈНИ БЕНЕФИТИ ПО МОЕТО ЗДРАВЈЕ !!!

6. Ако продолжи несовесното однесување кон човековата околина и депонирањето на отровните отпадни материи, отровните концентрации во сите морски плодови и животни рапидно и драстично ќе продолжат да растат.

7. Колку пониска еколошка свест, толку поотровна храна на нашата трпеза“, објави доктор Беќаровски на својот Фејсбук профил

Слични содржини