Д-р Даниловски: До лето ќе го имаме „новото нормално“ со десетина заразени дневно

од Nikola Popovski

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета бранот со омикрон во Македонија е во надолна линија.

-Од 23-ти декември имаме опаѓање на седумдневните подвижни просеци. Ќе видиме понатаму како ќе се движи. Радува што репродукцискиот број е под еден, рече Даниловски во емисијата „Топ тема“.

Според него, до март ќе дојдеме до поднослив број на заразени и нормално одвивање на секојдневието.

-Тоа ќе биде „новото нормално“. Со очекување во летото дека ќе дојде до релаксација на бројките од десетина дневно и мал број починати. Омикронот е лебедова песна на короната во Македонија, оценува д-р Даниловски.

Слични содржини