Во своето гостување во 24 анализа, Д-р. Илчо Ефковски, посочи дека нашата земја доцни во процесот на вакцинација, па оттаму и нашата земја не знае кои ќе бидат понатамошните потези, со оглед на тоа, како што вели, што е се засега виртуелно.
„Требаше порано да биде подготовката за целиот овој процес на вакцинација. Имаме реално бавна администрација. Пропуштивме шанса за вакцина, и сега се подготвуваме и зборуваме за нешто што е виртуелно. Ние пак сме заспани како нација. Имавме простор да бираме која вакцина ќе ја набавиме. Вакцините не нудат целосна заштита, тука се и безбедноста и заштитата при работа. Ние не знаеме која вакцина ќе ја примиме и оттаму не можеме да прецизираме многу работи“, истакна Ефковски.