„Филип Морис Интернешнл (ФМИ) е познат по тоа дека е лидер во тутунската индустрија. Но денес, многу повеќе, тој е лидер во иновации и истражување. ФМИ во последниве 10 години има постигнато завиден успех благодарение на големите вложувања во развој и наука, но и на транспарентноста и отвореноста за соработка со научната
заедница и регулаторните тела. Повеќе од 430 врвни научници, инженери и експерти работат во ФМИ, а во овие истражувања досега се вложени 7,2 милијарди долари. Со 4600 одобрени патенти и 6300 поднесени патенти Филип Морис денес е 45та компанија по бројот на прифатени патенти во ЕУ“. Ова денес го истакна Д-р Филип Станковиќ на шестиот по ред FMCG самит кој оваа година се одржува онлајн.
Д-р Филип Станковиќ е научник кој веќе десет години работи на карактеризација на производи во компанијата „Филип Морис Интернешнал“ во Нојшател, Швајцарија. По потекло од Скопје, после завршените студии, своето образование го продолжил во Америка, како добитник на Фулбрајтовата стипендија. Тоа му овозможило работа во Секторот за истражување и развој на „Филип Морис Интернешнал“ на тема истражување на нови и иновативни производи. Тој е пример како младите луѓе од Македонија може да придонесат за позитивни промени кои би имале влијание на светски рамки.
Овој млад научник на посетителите на настанот им зборуваше за идејата и науката кои стојат
зад новите алтернативни бездимни производи на Филип Морис, чиј предводник е IQOS.
„Примарно токсичните и канцерогени супстанци во тутунскиот чад, а не никотинот се главните причинители на болестите и смртноста. Никотинот предизвикува зависност и
не е без ризик, но тој не е примарен причинител на болестите врзани за пушењето. Никотинот е во срцето на проблемот, но тој е и во срцето на решението. Токму во оваа насока ние видовме можност за развој на нови производ. Бидејќи беше познато дека кај цигарите температурата на согорување е 800 степени целзиусови при што доаѓа до создавање на преку 6000 соединенија, од кои огромен дел ги нема во билката и се штетни, научниот пристап е да се постигне ослободување на никотинот кој го бараат пушачите и аромата, но без процес на горење“, рече д-р Станковиќ.