Д-р Крсте Роџевски: За првпат во историјата на човештвото сме толку изолирани, а толку поврзани

од Andreja Salpe
466 прегледи

Невропсихијатарот Крсте Роџевски кој работи како психофармаколог и психоаналитички терапевт во Њујорк во интервју за respublika.edu.mk ја објаснува т.н. „когнитивната КОВИД магла“. Нашата јавност д-р Роџевски го  познава како гласот и музиката од филмовите на Милчо Манчевски „Сенки“ и „Банкин Мун“ и „До Балчак“ на Столе Попов.

Тој вели дека луѓето кои пред пандемијата имале анксиозност или депресивни состојби, живеат во еден константен страв и веќе ја имаат таа психолошка изолираност, а останатите во текот на пандемијата станаа анксиозни, имаа депресивни состојби, додека пак луѓето со инвалидитет или психијатриски проблем, се чувствуваа помалку осамено бидејќи сите околу нив почнаа да имаат симптоми, и тие парадоксално се смирија.

„Кога ни се случи ова што ни се случи, и „нормалните луѓе“ станаа анксиозни, имаа несоници, депресивни состојби, со теории на заговор, луѓето со инвалидитет или психијатриски проблем, се чувствуваа помалку осамено бидејќи сите околу нив почнаа да имаат симптоми, и тие парадоксално се смирија. Но, имаше и еден друг момент што се случи во Њујорк минатата година во март, април, мај минатата година, бидејќи голем дел од психијатриските болници беа претворени во Ковид-центри, градот беше преполн од бездомници, хероин пандемијата се разгоре, самоубиства и беше страшно, не само притисокот врз пациентите, туку и врз нас бидејќи ние не можевме да ја вршиме нашата работа. Во Македонија не знам како тоа изгледа, но најважно е да создадеме релации никој да не се чувствува изолиран. За прв пат во историјата на човештвото сме толку изолирани, а толку поврзани. Сите седиме дома, но сме пред ТВ, пред компјутери, телефони и акутно знаеш дека нешто недостига и тоа боли.” – вели Крсте Роџевски во интервју за respublika.edu.mk 

Слични содржини