337
Докторот Ненад Лазаров се огласи на социјалните мрежи и сподели важна информација за правилното носење на маски:
„Н95/КN95/FFP2/FFP3 респиратор-маски се носат исклучиво “на кожа”, значи директно на лицето,никако поинаку.Хируршка маска плус на респираторот и такви слични непотребни “моди”, ако морате (не знам од која причина) исклучиво ВРЗ респираторот,никако прво хируршка маска па респиратор.”Фитувањето” е круцијално, респираторот мора да “пасува” целосно на носот,лицето и брадата, поинаку не сте заштитени“, вели Лазаров.