Во своето гостување во 24 анализа. Д-р. Ненад Лазаров истакна дека С.Македонија се уште ги нема утврдено рамките за пристигнување на било која вакцина. Имено се осврна на Фајзеровата, за која е скептик дека ќе пристигне, додека не се утврдат сите протоколи и администрација.
„Големо е влијанието и одлучувачко кај производителот. Такашто, верувам дека во овој процес Фајзер игра главна улога. Оттаму, додека тие не потврдат дека се е подготвено, како ладилници, документација и слично, не верувам дека Фајзер ќе дозволи да стигне вакцината во нашата земја. Сметам дека требаше да се влезе поагресивно во процесот да се набават вакцините. Здравјето и вакцините не се политичка одлука, а ние дозволивме да доцниме и да трчаме по светот “, истакна Лазаров.